Преспа ГРАД има чест и задоволство да ја презентитра програмата на осмото издание на фестивалот Запознај ја Преспа, кој оваа година ќе се одржи од 3 до 5 Јули.

Ќе слушаме македонски поп, корчански серенади, ресенски староградски, џез, техно….и сето тоа проследено со многу домашни јадења изготвени по традиционалните преспански рецепти од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро, информираат организаторите.
Годинава Братичани ќе се пофалат и со реставрираниот стар казан за ракија кој ќе биде наш мал инфо центар и музеј на селото Брајчино.
Во казанот годинава и проекции на два докуменатрни филма инспирирани од духот и традицијата на Преспа.
Влезот на сите манифестации во рамките на фестивалот е бесплатен.


