Вести Македонија Ударни вести

Судскиот совет ја разреши судијката Лидија Неделкова од Врховниот суд

Сподели:

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 363-та седница  одржана на ден 16.02.2021 година, одлучи да ја разреши судијката во Врховниот суд Лидија Неделкова.

“Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Исто така, формиранa e Комисија на известители по поднесено барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд”, се наведува во соопштението на Врховниот суд. 

 

 

Сподели: