Почнува вакцинацијата на здравствените работници против ковид-19

Сподели

 

Денеска во модуларната болница на КИБФС во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите.

Имунизацијата ќе се реализира во пунктовите сместени во модуларната болница до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.