Судскиот совет ќе го испитува случајот за казната на велешанецот што прегази дете и избега

Сподели

 

Судскиот совет со внимание го следи случајот со изречената пресуда  на Апелациониот суд во Скопје, со која 18 годишната затворска казна на Основниот суд  Велес за сообраќајна  несреќа со смртни последици е намалена на 8 години. Заради големата разлика во  изречената казна, Советот  најавува дека по годишните одмори ќе го испита овој случај.

Воедно, Советот апелира до Врховниот суд  да обезбеди  еднаква примена на законите од страна на судовите преку  воедначување на судската пракса, посебно  за кривичното дело “тешки дела  против безбедноста  на луѓето  и имотот  во сообраќајот“. Советот потсетува  дека во неколку наврати и  писмено  побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса.

Судскиот совет осудува и било каква  поделба на судиите  по национална  припадност  и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата.