На свеченото отворање на 66. Охридско лето, Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестро Марко Боеми, ќе приреди вечер исполнета со безвременски ремек-дела од Понкиели, Чилеа, Џордано, Пучини, Сен-Санс, Гуно и Масне.
Програмата ги обединува најубавите оперски арии, дуети и оркестарски страници, носејќи ја публиката низ светот на љубовта, страста и драмата, во духот на едно од најзначајните културни случувања во регионот.

Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12. јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.
Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо сопран од Албанија исветски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД.


