Свечено отворање на Literatura.mk Superstore во Skopje City Mall

Сподели

 

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која е со површина од 500 м², свечено ќе биде отворена вo среда (20.05.2020) во 20 часот, во соработка со „Скопје сити мол“.

Во чест на отворањето на Literatura.mk Superstore концерт ќе одржи ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО. Ексклузивниот настап на македонскиот гитарски виртуоз, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ, ќе може да се проследи онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на „Литература.мк“.

Книжарницата, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.

По повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30% попуст на сите изданија на „Арс Ламина“, и подарок книга за секоја сметка во период од 20 мај до 1 јуни (до исцрпување на резервите).

Продажниот простор на „Литература.мк“ работи согласно работното време на „Скопје сити мол“, од 10 до 18 часот.