Меѓународен ден на пчелата – Поголема заштита на пчелите

Сподели

 

Првиот Меѓународен ден на пчелата, се одржа во словенечкото село Брезница, Словенија, во 2018 година.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ги повика државите и поединците да сторат повеќе за да ги заштитат пчелите и другите  опрашувачи или во спротивно, да ризикуваат пад на разновидноста на храната.

Пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на биодиверзитетот и загадувањето.

Во Словенија, на официјалната церемонија по повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва, во 2018 година, нагласи дека земјите треба да се пренасочат кон поодржливи системи и политики за храна кои имаат позитивно влијание врз опрашувачите.“Не можеме да продолжиме да се фокусираме на зголемување на производството и продуктивноста преку масовна употреба на пестициди и хемикалии кои се закануваат на земјоделските култури и опрашувачите “, истакна Грацијано да Силва.

Родот и квалитетот на повеќе од 75 проценти од светските прехранбени производи се потпира до одреден степен на функцијата на опрашувачите. Отсуството на пчелите и други опрашувачи би ги искоренило кафето, јаболката, бадемите, доматот и какаото – само дел од културите кои зависат од опрашување.

“Секој од нас има индивидуална одговорност кон заштита на пчелите и треба да правиме избори кои се во нивна полза. Дури и одгледување на цвеќиња дома со кои се хранат пчелите би придонело кон овој напор “, истакна тој.

Опрашувачите, вклучително пчелите, дивите пчели, птиците, лилјаците, пеперутките и други помагаат во оплодување на растенијата. Бројот и разновидноста на опрашувачите се намали во изминатите децении, а истражувањата покажуваат дека падот е првенствено последица на човековите активности, вклучително и климатските промени, кои влијаат на нарушување на сезоните на цветање.

Одржливите земјоделски практики, а особено агро-екологијата, можат да помогнат во заштитата на пчелите преку намалување на изложеноста на пестициди.

“Преку агро-екологијата, ФАО има за цел да ги оптимизира интеракциите помеѓу растенијата, животните, луѓето и животната средина. Потребни се иновации и тие мора да бидат базирани на креирање на нови знаења, комбинирање на науката со локалните знаења и искуства, како општествен процес “, изјави Грацијано да Силва.

Со Светската здравствена организација, ФАО исто така го разви Меѓународниот Кодекс  на управување со пестициди. Ова обезбедува рамка за најдобри практики кои можат да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди.

Официјалната церемонија за првиот Светски ден на пчелата  се одржува денес, на 20 мај, во словенечкото село Брезница, 50 километри северо-западно од главниот град, под покровителство на словенечкиот претседател Борут Пахор. Брезница е родно место на Антон Јанша, во 1734 година, – пионер на современото пчеларство. Неговиот роденден, 20 мај, е избран за одбележување како Меѓународен ден на пчелата, секоја година.

Словенија и ФАО се први во воспоставувањето на Меѓународниот ден на пчелата преку Резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена едногласно минатата година, со поддршка од Апимондиа – Меѓународната федерација на здруженија на пчелари, како и од словенечкото здружение на пчелари и Министерството за земјоделство, шумарство и храна.