Свечено отворање на Меѓународниот фолклорен фестивал “Куманово”

Сподели:

Во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, отворен е традиционалниот фолклорен фестивал, во организација на кумановското културно – уметничко друштво “Панче Пешев”, под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.

Овогодинешното шесто издание на манифестацијата, започна со дефиле на фолклорните уметници низ улиците на градот, потоа продолжи со сценски настап на ансамблите од:

– Македонија (КУД “Панче Пешев”), – Србија (АДЗНМ “Гусле”)- Романија (ФА “Соимусиани”)- Полска (ФА “Мали Горзовиаци”) и – Мексико (ФГ “Хочипилтзахуац”),кои се претставија со автентични музички аранжмани на ора и песни, дел од нивното културно богатство и традиција.

Во присуство на претставници од општинската администрација, пред публиката, со пригодна реч се обрати претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, нагласувајќи ја убавината на културната размена и обичаи меѓу народите, кои живеат на различни краеви од светот.

Сподели: