Вести Изјави Македонија Ударни вести

Тачи: Идејата на Али Ахмети за премиер Албанец е „тешка манипулација”

Сподели:

 

“Идејата на Али Ахмети за премиер Албанец е „тешка манипулација и лидерот на ДУИ го прави тоа, бидејќи се наоѓа во позиција на мртов агол”, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој повика ДУИ да не си игра со емоциите на Албанците во Северна Македонија.

„Тешка манипулација со емоции на луѓето со емоциите на Албанците. Ахмети имаше 18 пратеници и беше 10 години на власт со Никола Груевски. Дволично купување на политики поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определби, тоа ќе го направеа 2003, 2008 година. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол” и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економија. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласовите на Албанците“, рече Тачи.

Сподели: