Тајланд: Започна третата фаза за извлекување на преостанатите петмина од пештерата

Сподели

Денеска започна третата фаза од операцијата за спасување на преостанатите четири момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера на северот на Тајланд.

Официјалните лица најавуваат дека сите четири деца заедно со нивниот тренер денеска ќе бидат извлечени.

Шефот на спасувачката мисија изјави дека 19 морнарички специјалци влегле во пештерата во 10.08 часот по локално време. Сите петмина ќе бидат истовремено извлечени одпештерата.Се надеват дека денес ќе ја напуштат и лекарот и тројцата припадници на тајландските специјалци СЕАЛ кои се со момчињата.

Ова е трета фаза на спасување и ќе трае подолго од претходните две, кои завршија во рок од неколку часа.