Талибанците именуваа нов лидер

Сподели

 

AHA40e5c4_NO_TEXT

Авганистанските талибанци денеска соопштија дека нивен нов лидер е Мавлави Хајбатула Акунџада, на местото на Мула Актар Мансур кој беше убиен во напад со дрон од страна на армијата на САД.

Како што пренесува „Би-би-си“, засега малку се знае за политиката и правецот кон кој новиот лидер ќе ги води талибанците, но според аналитичарите станува збор за, не толку контроверзен избор.

Минатата година, талибанците го именуваа Мула Актар Мансур за нивен лидер, откако беше обелоденета смртта на претходниот лидер и основач на милитантната група, Мула Мохамед Омар.

Мавлави Хајбатула Акунџада, според медиумите, е поранешен шеф на талибанските судови и беше еден од нивните заменици лидери.

Извор:meta.mk http://meta.mk/talibantsite-imenuvaa-nov-lider/