Уставните судии на денeшната седница едногласно за неуставни ги прогласија двете одлуки за распуштање на Собранието донесени на 18 јануари и на 23 февруари оваа година, потврдија за „Мета“ од Уставниот суд.
– Се поништува одлуката за распуштање на Собранието од 18 јануари и одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари, 2016 година. Оваа одлука на Уставниот суд произведува правно дејствие од денот на донесувањето – ни изјави генералната секретарка на Уставниот суд, Оливера Филиповска.
Со денешната одлука на уставните судии и официјално запираат сите активности со предвремените парламентарни избори.
На минатата седница, одржана пред точно една недела, уставните судии едногласно прифатија да ја разгледуваат иницијативата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), со која се оспорува распуштањето на Собранието.
Судиите, во меѓувреме, донесоа времена мерка за запирање на сите активности и дејствија поврзани со изборите.
Прифаќањето на иницијативата и носењето на времената мерка отвори можност за повторно свикување на Собранието, што спикерот Трајко Вељаноски го направи истиот ден (во средата, минатата недела), на која пратениците едногласно го избришаа од Изборниот законик 5 јуни, како ден на кој треба да се оддржат предвремените парламентарни избори. Нов датум за одржување на изборите не е предвиден.
Извор:meta.mk
Уставниот суд со конечна одлука: Избори на 5 јуни дефинитивно нема