Таравари: Влегов во овој натпревар со поголеми цели

Сподели

 

“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна:

  1. Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.
  2. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата  претседател во нашиот политички систем”, изјави на вонредната прес-конференција  д-р Арбен Таравари. 

“Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:

  1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот
  2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик
  3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори.

Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.

Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.

Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија.”