THE FRAILE

Сподели

MDthefrailemuzickinastani (1)

Каде: Ресторан Острово- Св.Наум, Охрид

Почеток на настапот:  22 Јули, 20:30ч

Четирите шармантни девојки од Нови Сад со волшебни вокали – Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ, Невена и Марија Буча од бендот Фрајле на концертот во Охрид ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.

Фрајле, ќе одржат концерт во еден од најубавите предели на Охрид, односно во Св. Наум, во ресторанот Острово, на 22 јули, со почеток во 20:30 часот.

Фрајле (The Frajle) е новосадски женски акустичен бенд од четири члена.

Бендот е основан летото 2009 година. Пред основањето членовите биле распределени по различни бендови.

После првите заеднички свирки, сфатиле дека на луѓето им се допаѓа тоа па затоа почнале да работат заедно.

На Бендот му го дале името Фрајле како би го означиле Војводинското поднебје, од каде и што доаѓаат.

Фрајле се познати и по својот препознатлив стил на облекување, со кој се обидуваат да ги вратат старите времиња. Што се однесува до нивниот музички стил, тој е окарактеризиран на повеќе начини.

Познатиот автор, Александра Милутиновиќ откако ги преслушала нивните песни, за песната “Ich liebe Dich” изјавила дека ја потсетува на “Војводинско танго”, додека публиката, песните “Штиклице” и “Жена” ги нарекле “Женски беќарац”.