Торонто: 10 загинати откако возач на комбе влета во пешаци

Сподели

Најмалку 10 лица загинаа, а 15 се повредени откако комбе влета во пешачка зона во канадскиот град Торонто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалната полиција соопшти дека во инцидентот, кој се случил на улицата „Јанг“, недалеку од прометната авенија „Финч“, комбе со голема брзина влетало во пешачката зона.

Откако ги удрило пешаците, комбето се оддалечило од местото на нападот. Сепак, кусо по нападот, е пронајден недалеку од местото на настанот, а лицето што управувало со возилото е приведено.

Полицијата информираше дека е приведен осомничениот Алек Минешн, 25-годишен Канаѓанец со ерменско потекло, кој на социјалните мрежи се претставувал како студент на Сенека колеџот во Торонто.

Канадскиот министер за јавна безбедност, Ралф Гудејл, соопшти дека нападот е изолиран случај и не треба да претставува закана по националната безбедност.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, го осуди нападот и упати порака со сочувство до семејствата на починатите.

„Мислам дека ќе мора многу повеќе да учиме и да зборуваме следните часови“, порача Трудо.

Мотивите за нападот се непознати, а полицијата не ја исклучува можноста дека се работи за изолиран терористички акт.