Вести Свет Ударни вести

Земјотрес во Турција – 39 повредени

Сподели:

Најмалку 39 лица се повредени во земјотрес со магнитуда од 5,1 степени, што ноќеска ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман.

Според турскиот министер за здравство, од 39 повредени, 35 се пренесени в болница, но никој не е во критична состојба. На повеќе објекти настанала материјална штета, а надлежните служби се веќе на терен.

Потресот се случил во округот Самсат во 3.34 часот по локално време и уништил неколку куќи. Бил почувствуван и во соседните провинции Шанлиурфа, Газиантеп и Дијарбакир.

По првиот потрес имало уште осум последователни земјотреси со магнитуди од 1,4 до 2,7 степени.

Сподели: