Традиционална крводарителска акција во Скопје

Сподели:

Од 27 јули – 02 август низ целата земја се организираат крводарителски акции, информираат од Црвениот крст.

Во Домот на АРМ – Скопје денеска од 09:00 до 18:00 часот ќе се одржи традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка

Проверете ја локацијата и терминот кој ви одговара и станете дел од хуманата мисија.

Сподели: