Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години и здравствени работници

Сподели

 

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза.

 
Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина.
 
Во изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче кажа дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот Фајзер и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.
 
Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака, онака како што се вршеше и на почетокот при приоритизација на критичните групи на граѓани.