Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Триесет дневен притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Сподели:

 

Креаторот и администраторот на ланската група „Јавна соба“, дури денеска завршија зад решетки. Тие беа на распит во кривичниот суд и добија 30 дневен притвор, соопштија од кривичниот суд.

Двајцата, со иницијали Д.К. и М.П., се осомничени за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Притворот, како што соопштија од судот, им е определен поради опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоците и ќе го повторат или ќе го довршат кривичното дело.

“По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело”, наведува Судот.

 

Сподели: