Црна Гора ќе ги легализира истополовите бракови

Сподели

 

Црногорскиот парламент го изгласа законот со кој се дозволуваат истополови бракови. Претседателот Мило Ѓукановиќ оцени дека тоа е „чекор кон семејствата на најразвиените демократии“.

Парламентот во Подгорица со 42 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе законот, на кој остро се спротивставуваше Српската православна црква, најголемата верска заедница во земјата.

„Со усвојувањето на законот на истополови партнерства, Црна Гора за првпат ги регулира законските права на истополовите парови“, твитна црногорскиот претседател Ѓукановиќ.

Првата Парада на гордоста во земјата пред седум години предизвика насилства, но оттогаш настанот минува мирно.

ЛГБТИ заедницата во Црна Гора го поздрави донесувањето на законот, оценувајќи го како „голема победа“ и „чекор кон нашата слобода и слобода на сите луѓе во Црна Гора“.