Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Утврдена е преговарачката рамка, македонската интеграција забрзува, одиме во ЕУ!

Сподели:

 

“Европската комисија вчера го утврди предлогот за Преговарачката рамка за преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија и го достави на разгледување до државите членки на ЕУ. Уште една многу важна историска епизода во нашето движење кон членство во ЕУ.

Очекуваме во наредниот период рамката да биде усвоена од државите членки со што преговорите и формално ќе започнат со првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство, отворајќи ги поглавјата од првиот пакет.

 

 

Со овој предлог се утврдуваат правилата и принципите по коишто ќе се одвиваат преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Ова е процес што ни ги носи европските вредности дома и значи побрзо воведување на европски стандарди во сите области.

Оваа вест уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот којшто го исцртавме. По членството во НАТО, ја забрзуваме македонската интеграција во ЕУ. Двете стратешки определби ги реализираме во само 3 години.

Тоа е успех на Владата, успех на институциите предводени од СДСМ, успех и на сите граѓани кои се определени да градиме европска иднина. Заедно постигнавме многу, и заедно ќе постигнеме уште повеќе и уште подобро. Влеговме во НАТО, #можеме и во ЕУ!” – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Сподели: