“Црно Семе” од Кирил Ценевски вечерва во Кинотека

Сподели:

Филмот Црно семе (Black Seed) е едно од најзначајните остварувања во историјата на македонската кинематографија.

Режиран од Кирил Ценевски, овој филм од 1971 година не само што ги освоил најважните награди во поранешна Југославија, и e eден од првите македонски играни филмови кој бил наградуван на меѓународни фестивали.

Дејството се одвива за време на Граѓанската војна во Грција, каде Македонци од Егејска Македонија, како дел од кралската грчка војска, се обвинети за комунизам и испратени во логор на пуст остров. Таму се соочуваат со сурови услови и систематско понижување, особено преку контролата на вода како средство за притисок и кршење на нивната волја.

Централните ликови се Андон Совичанов, Парис и Христос кои претставуваат различни човечки реакции на страдањето: од истрајност и зачувување на достоинството, до морален пад. Филмот длабоко навлегува во теми како отпор, идентитет и човечка издржливост.

Вечерва проекција во Кинотека, со почеток од 20 часот.

Сподели: