Вести Македонија Ударни вести

Црвениот крст ја испрати првата хуманитарна помош за Турција и Сирија

Сподели:

 

Хуманитарната помош од страна на Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија.
 
Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош.
 
 
 
 
Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција во РСМ, г-дин Hasan Mehmet Sekizkök да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на РСМ. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња. Ова е првичната хуманитарна помош и со надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.
 
Според консултативните состаноци со Турската полумесечина истакната е потребата од собирање на материјална хуманитарна помош пред се во ќебиња, шатори, вреќи за спиење, и газиени лампи. Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно минимум стандардите за хуманитарна помош, изјави Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити.
Сподели: