ЦУК: Спасени се лица кои заглавиле на врвот на Галичица

Сподели

 

По повик на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи утрово, од 5 до 8 часот, се одвиваше спасувачка акција на Галичица. Во акцијата беа вклучени и Секторот за операции и координација во ЦУК и Регионалниот ЦУК Охрид.
 
– Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, кои согласно временската видливост итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а известени беа сите надлежни институции за натамошна постапка.
 
Паралелно беше комуницирано и со лицата од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, информираат од ЦУК.
 
Според АМСМ, од 15 ноември 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила се до 1 април 2024 година.