Македонија

ЦВРСТ ПОЛИТИЧАР

Сподели:

shk

Како верен “тендерски тандем” во власта, Али Ахмети долго време го бранеше ставот на Груевски за неодложност за изборите. Така, кога опозицијата прогласи бојкот на закажаните избори за 24 април, Ахмети решително застана зад Груевски тие по секоја цена да се одржат во договорениот термин.

Но, во последен момет, по средбата со американскиот амбасадор во Македонија, тој се предомисли и прифати  тие да се одложат за 5-ти јуни.

Кога опозицијата оцени дека се уште не се создадени услови за одржување на легитимни избори и на 5-ти јуни, Ахмети и Груевски категорично прогласија, дека повеќе нема никакво одложување и дека ако треба без неа ќе излезат на изборната трка.

Но, во последен момент, повторно по една средба со американскиот амбасадор, Ахмети се предомисли и објави ново одложување на изборите.

За некои албански политичари, ваквата превртливост на Ахмети не е никакво изненадување: “Политичката каша што ја зготвија со Груевски повеќе не можат ниту самите да ја проголтаат. За да не заврши како аболираниот Никола, сега “војводата”  Али се обидува сета каша да му ја подметне на својот коалиционен сојузник”.

Сподели: