Вести Македонија Статуси Ударни вести

Угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Сподели:

 

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, објави на својот официјален фб профил, премиерот Зоран Заев.

„Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби,“ напиша Заев на Фејсбук.

Сподели: