Вести Македонија

УЈП присилно ќе ги наплаќа заостанатите долгови за радиодифузна такса

Сподели:

ujp1

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почне со присилна наплата на заостанатите долгови на граѓаните за радиодифузна такса (РДТ). Од УЈП апелираат граѓаните во најкус рок да ги намират тие долгови.

– За даночните обврзници да не се изложуваат на блокирање сметки и на дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат – се вели во соопштението на  УЈП.

За брзо плаќање, без чекање на шалтери и со помали трошоци, УЈП препорачува да се користат безготовинските картички, односно електронската услуга „е-радиодифузна такса“.

Уплата, увид во евиденцијата за РДТ и преглед на платени и неплатени решенија може да се врши и со апликацијата „м-даночни сервиси“ преку паметните телефони.

http://meta.mk/ujp-prisilno-ke-gi-naplaka-zaostanatite-dolgovi-za-radiodifuzna-taksa/

Сподели: