Утре постудено со дожд, а на планините снег

Сподели:

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Сподели: