Муцунски го пречека претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан

Сподели:

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Посетата претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.

Сподели: