Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција (втора фаза) против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопштуваат од Град Скопје.