Вести Изјави Македонија Ударни вести

Спасовски: Оваа интерпелација претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата

Сподели:

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците на седницата за негова интерпелација, која беше предложена од неколку пратеници од опозицијата, истакна:

„Почитувани, сепак морам да констатирам дека  денеска имаме една, благо кажано, чудна интерпелација? Зошто чудна, ќе се запрашате? Затоа штое поднесена заради успех во една акција, а не неуспех! Имено – Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува  бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија –  идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна.

Но, факт е дека ваквите случаи покажуваат одредени проблеми во функционирањето на системот. Длабоко вкоренети со години наназад. Тие се веќе детектирани и ќе се менуваат за да не ни се повторуваат во иднина. Се разбира, и Обвинителството си води постапка за да утврди било каква одговорност и по завршувањето на постапката, а секој кај кого ќе биде утврдена одговорност, ќе одговара!
Но, она што е очигледно, што паѓа в очи веќе подолго време,е дека опозицијата има некој проблем со постапувањето на полицијата.
Дали е проблем што полицијата апси нарко-дилери, разбојници, секаков вид на криминалци? Апсиме и припадници на полицијата, доколку се утврди дека некој го прекршил законот, како што тоа беше случај во неколкуте последни акции, кои беа изведени во соработка со пријателските служби. Покажавме дека нема пардон за никого и народот тоа го препознава“, изјави министерот Спасовски пред пратениците во Собранието.

Сподели: