Алтернатива Скопје Чита

ВАСКО ПОПА – Убавиот богомразител

Сподели:

images

Убавиот богомразител

Постојаниот гостин на кафеаната
во моето соседство
Мавта со празниот ракав
И си грми себеси во запуштената брада

Боговите ги покопавме
Сега на ред се кукланите
Што си играат богови

Гостинот е скриен во облаците тутун
И осветлен од сопствените зборови

Изрезбан во дабовиот балван
Убав е како бог
Штотуку ископан од Песокот

Сподели: