ВДОМИ КУЧЕ, ВДОМИ ЉУБОВ! (ВИДЕО)

Сподели

 

Особено сме горди како претпријатие за хуман третман и благосостојба на животни скитници што со кампањата “Вдоми куче, вдоми љубов” мисијата на прифатилиштето на ЈП Лајка добива нова димензија. Благодариме до сите граѓани што вдомија куче, што не одбраа токму нас и што во прифатилиштето на ЈП Лајка го пронајдоа својот миленик. Заедно со нив како вистински љубители на кучиња успеавме да направиме  “Вдоми куче,вдоми љубов” да стане реалност.

 

 

Особено им благодариме на семејствата што ги вдомија кучињата Оли, Вук и Оле, кои го споделија своето позитивно искуство со вдомување на куче од нашето прифатилиште и ги отворија вратите на своите домови за нас, споделувајки дел од своето секојдневие со новите членови во семејството. 

Оли, Вук и Оле веќе го најдоа својот топол дом, со истите заложби, љубов и посветеност продолжуваме да работиме во остварување на истата цел и за останатите кучиња во Лајка.

 

 

Овој проект немаше да стане реалност доколку Град Скопје, не ја препозна, поддржа и не се вложи во реализација на оваа хумана приказна. Од идеја до реализација, со многу труд, неизбежни компромиси и работа во служба на сите граѓани и бездомни кучиња.

Продолжуваме и понатаму да чекориме во остварување и реализација на целта поради која постоиме. Ги охрабруваме и поттикнуваме граѓаните и понатаму да бидат отворени во поглед на вдомување на бездомно куче, а оние кои веќе имаат миленик да бидат одговорни и посветени.

 

Доколку сеуште се размислувате да вдомите миленик, вашиот избор нека биде некое од нашите прекрасни кучиња. Верувајте дека нивната единствена природа вашите животи ќе ги исполни со љубов и хармонија.

Заедно да ја поддржиме и понатаму кампањата “Вдоми куче, вдоми љубов”, да покажеме хуманост на дело и да ги спасиме кучињата од улица, а љубовта која ќе ја добиете за возврат нема да има граници. Секое вдомено куче, значи едно куче помалку на улица.

ВДОМИ КУЧЕ, ВДОМИ ЉУБОВ!