Со големо задоволство ви представуваме уште еден ЕдуЛаб вебинар, овој пат на темата „Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство – примери на добри пракси“, наменет за сите наставници и стручни соработници од основните училишта кои се заинтересирани да дознаат повеќе за добрите пракси за заштита и учество на учениците.
Овој вебинар има за цел да обезбеди практични насоки за идентификација на различните видови насилство и да им помогне на учесниците да разберат како да ги препознаат знаците на насилство во училницата. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со успешни примери за интервенции, кои можат да се применат во нивната секојдневна работа.
➥ Во воведниот дел модераторот ќе нѐ воведе во содржината и ќе ги претстави целите на вебинарот и агендата.
➥ Во главниот дел предавачот ќе ги објасни видовите насилство во училиштата, како да се препознаат и идентификуваат манифестациите на насилно однесување кај учениците. Ќе се разгледаат начини на постапување во случаи на насилство и улогата на наставниците и стручните соработници во интервенцијата. Исто така ќе разговараме и за важноста на партнерството меѓу учениците, родителите и наставниците за креирање на безбедна училишна средина и спречување на насилството.
➥ Во завршниот дел од овој вебинар ќе одвоиме време за поставување на прашања и одговори, како и за завршен квиз.
Ана Попризова е психолог со триесетгодишно искуство во улога на наставник и училиштен психолог, истражувач и Гешталт терапевт. Активно работи на полето на ментално здравје, дел е од тимот на ХБСЦ студијата и обучувач на различни теми од областа на образованието.
Има богато искуство како практичар во пружање на психосоцијална поддршка на ученици и родители. Верува дека заедничката соработка помеѓу училиштето, родителите и заедницата се рецепт за градење на здрава, активна и одговорна младина.
За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи преку линк на платформата ZOOM кој е наведен погоре или преку YouTube каналот на СмартАП.
Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе можат целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.
Пријавувањето е задолжително и ќе биде отворено до почетокот на самиот настан. Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.
За регистрирање на настанот, отворете го следниот линк: https://link.innovationlab.mk/mwi9gsc
Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.
Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистрирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.
- Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
- За стекнување на дигиталниот сертификат потребно е да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
- Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути. Согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време, квизот ќе се затвори од страна на техничкиот тим.
- Дигиталниот сертификат за стекнати знаења ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од три до четири недели од страна на техничкиот тим на СмартАп.