Алтернатива Настани

Вечерва на „Охридско лето“ гостува Турскиот театар од Скопје

Сподели:

Sv_Sofija_Ohrid

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата Света Софија, гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски.

Текстот „Комедија на грешки“ е меѓу првите комедии што ги напишал Вилијам Шекспир и е базирана на постар текст од Плаут, од римско време и за првпат е изведена во1594 година.

Инспирирана од плаутовите Менехми, како најкратка комедија, Шекспир го збогатил дејствието, но иако е брза, скоро фарсична комедија, сепак е една од најиграните која е преведувана на повеќе јазици, а според неа направени се и мјузикли, опери, снимени се филмови и безброј различни интерпретации.

Не останувајќи рамнодушни на денешницата и се она што се случува сега, во преставата се внесени и доста современи референци.

Коле Ангеловски е македонски театарски и филмски актер, роден e на 14 март 1943 година, во Скопје. Познат е уште и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за животно дело „11 oктомври”.

meta.mk

Сподели: