Велигденска работилница во ЗОО Скопје

Сподели

 

Денеска, во пресрет на Велигденските празници, во рамки на едукативната програма на Зоолошката градина Скопје, беше организирана едукативна тура и Ликовна работилница со децата од средните групи на Градинката „Распеана младост“.
 
 
 
 
Децата се сретнаа со дел од жителите на ЗОО, научија интересни информации за Нилскиот коњ Буцо, најмалите мајмуни Мармозетите, за крокодилот, белите лавчиња, пингвинчињата, благодарение на нашиот едукатор Александар Глигоров а потоа сето тоа со својата креативност го пренесоа на велигденските јајца кои ги сликаа во рамки на Ликовната работилница.
 
 
 
 
 
Секако дека насмевката на децата и неизбежното сонце на нивните креации покажуваат радост а воедно на сите љубители на животните, жители на ЗОО, децата им посакаа Среќни Велигденски Празници.