Алтернатива Музика и Филм Настани

“ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО” на програма на Кинотека

Сподели:

 

На програма на Кинотека ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО (Vera Andrron Detin)  во НОЕМВРИ
 
17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.
18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
19 НОЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч.
21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
 
ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО(V era Andrron Detin)
Игран филм, Македонија / Косово / Албанија
2021, 82 мин., колор, ДЦП
 
Режија и сценарио: Калтрина Красниќи (Kaltrina Krasniqi)
Улоги: Теута Ајдини-Јегени, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши (Teuta Ajdini, Alketa SylajRefet Abazi, Astrit Kabashi)
ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО ја раскажува приказната за Вера, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувачка на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.
Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, препознавајки ја младата Калтрина Красниќи како дел од новиот млад филмски бран, овој филмскиот проект главна поддршка доби од Филмскиот центар на Косово и дополнително од Филмскиот центар на Албанија.
Филмот на Красниќи беше дел од програмите на повеќе светски фестивали, а својата светска премиера ја имаше Интернационалниот филмски вестивал во Венеција каде освои две признанија – за автори под 40 години и за инклузивност, а се закити и со повеќе филмски награди меѓу кои се Награда за најдобар филм на GoEast Film Festival во Висбаден, Германија и Гран при наградата на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО е добитник и на наградата Златно сонце за најдобар филм за на овогодинешното издание на фестивалот „Синедејс“.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
Сподели: