Спорт

ВИДЕО: 10 години од бајката на Македонија на Евробаскетот 2011 во Литванија – Еве како беше тогаш!

Сподели:

Утре 14 септември се навршуваат точно 10 години од историскиот успех на кошаркарска Македонија на Евробаскетот 2011 во Литванија. 

По тој повод ФИБА Европа на својата ФБ страна објави видео и не потсети како нас така и цела Европа и светот за неверојатната победа на Македонија против домаќинот Литванија со 67-65 со тројката на Владо Илиевски.

Македонија на тоа европско првенство го освои историското 4-то место откако по голема драма во полуфиналето не успеа да го победи подоцна веќе европскиот шампион Шпанија, а исто така загуби и од Русија во малото финале и борбата за бронзениот медал.

ФИБА ЕВРОПА напиша ,, Најголемото изненадување во историјата на европските првенства,,,

The post ВИДЕО: 10 години од бајката на Македонија на Евробаскетот 2011 во Литванија – Еве како беше тогаш! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: