(ВИДЕО) ,,DAME TIME,, не мрда од Портланд – Доби неверојатна сума за уште 2 години!

Сподели

Шесткратниот Ол-стар играч Демијан Лилард и Портланд Трејл Блејзерс се договорија за двегодишно продолжување на неговиот актуелен договор, што на првата ѕвезда на клубот ќе и донесе 122 милиони долари.

фото: youtube

Тоа би значело дека Лилард ќе остане во Портланд до летото 2027 година, иако договорот вклучува опција Лилард да го напушти клубот пред последната сезона и да стане слободен агент.

Демијан Лилард на 15 јули ќе го прослави својот 32-ри роденден, а Портланд е единствениот НБА клуб за кој настапувал. Тој беше избран шести од Трејл Блејзерс на НБА драфтот во 2012 година.

Со години го имаше статусот на еден од најдобрите надворешни играчи во НБА, но неговата последна сезона беше заборавена.

Имено, Лилард одигра само 29 натпревари поради повреда на стомачните мускули, на која на крајот мораше да оди на операција.

Портланд заврши со 27-55 на 13. место во Западната конференција и го пропушти плеј-офот за прв пат по девет сезони.

Челниците на клубот решија да направат промени во играчкиот кадар, па во Њу Орлеанс го испратија Си Џеј МекКолум, кој со Лилард формираше една од најопасните комбинации на надворешните позиции.

Лилард одигра 711 натпревари за Блејзерс во регуларниот дел од сезоната и имаше просек од 24,6 поени со 6,6 асистенции и 4,2 скока.

Во плејофот одигра 61 натпревар, со просек од 25,7 поени, 6,2 асистенции и 4,5 скока.

The post (ВИДЕО) ,,DAME TIME,, не мрда од Портланд – Доби неверојатна сума за уште 2 години! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico