(ВИДЕО+ФОТО) Преубавата голферка направи страна за возрасни каде продава СЕ! – Мажите полудеа поради неа!

Сподели

Најпопуларната играчка на голф во светот, Пејџ Спиранац, неодамна ја отвори својата веб-страница, чие име наликува на име на позната страница за возрасни.

Onlypaige.com“ е страница на која можете да пристапите до нејзината содржина за само 9,99 долари месечно.

Како што вели Пејџ, нејзините многубројни следбеници, а само на социјалната мрежа Инстаграм ги има 3,7 милиони, побарале од неа начин како подобро да ја запознаат.

,,Отсекогаш сакав да им дадам на фановите начин да се поврзат со мене надвор од социјалните мрежи. Сега мојот сон конечно се оствари. Оваа претплата е возбудлив начин да се поврзете со мене како никогаш досега. Вклучува сè, од инструкции за голф и ѕиркање во мојот секојдневен живот, до работи од зад сцената, специјални настани и фотосесии“, рече Пејџ.

Една од првите објави на новата страница беа фотографиите на Пејџ во долна облека за да им посака Денот на вљубените на сите што се претплатиле.

На крајот на 2022 година, добро познатото списание „Максим“ објави листа на 100 најубави жени во светот, а таа листа ја предводи Пејџ.

,,Смешно е, бидејќи менаџерот ми се јави и ми рече: „Нема да веруваш, но „Максим“ сака да бидеш на насловната страница“. Отпрвин не разбрав, но кога разбрав, ѝсе јавив и ја прашав: „Чекај, дали тоа значи дека сум прва? – рече Спиранац.

Таа стекна неверојатна популарност со провокативните објави на социјалните мрежи.

Професионално играше голф, но како модел и инфлуенсер ја засени претходната кариера.

Заносните облини кои привлекоа голем број мажи, сепак, не секогаш носеа добро.

Таа еднаш откри дека хуманитарна организација и забранила учество на турнирот бидејќи организаторите верувале дека нејзините бујни гради ќе го одвлечат вниманието на другите натпреварувачи.

Градите често се во преден план на сликите и видеата кои Пејџ редовно ги „објавува“ на социјалните мрежи.

The post (ВИДЕО+ФОТО) Преубавата голферка направи страна за возрасни каде продава СЕ! – Мажите полудеа поради неа! first appeared on .

Powered by WPeMatico