(ВИДЕО) ХАОС во Формула Е – Лидерот се изврте, а дури шест болиди налетаа на него со 250 км/ч!

Сподели

Loading

На трката во Формула Е серијата што се возеше во Рим, се случија стравични сцени каде повеќе болиди се судрија со голема брзина.

фото: TWITTER/@FIAFORMULAE

Лидерот на трката изгуби контрола над возилото, што предизвика хаос на патеката, а потоа и возачите зад него се судрија бидејќи неможеа да ги избегнат болидите кои беа буквално да сред пат.

За големо чудо никој не беше тешко повреден, а по прекинот на трката кој траеше повеќе од 45 минути поради чистење на стазата заврши  „Гран Прито на Рим“.

Возачот кој изгуби контрола над возилото беше Сем Бирд, а за жал неговото возило застана во дел од патеката по свиокот каде што другите не можеа да го видат.

Следуваше серија судири и дури шест болиди завршија целосно блокирајќи ја патеката. Некои удриле во автомобилот на Бирд, но повеќето се обиделе да го избегнат судирот и удриле во ѕидот.

Погледнете што се случи на патеката:

Најстрашниот момент беше кога петтото возило по ред со брзина од речиси 250 километри на час влета право во јагуарот на Бирд, но некако дури и самиот Бирд успеа да остане неповреден.

На крајот, од 21 возило што ја започнаа трката, дури седум се откажаа.

The post (ВИДЕО) ХАОС во Формула Е – Лидерот се изврте, а дури шест болиди налетаа на него со 250 км/ч! first appeared on .

Powered by WPeMatico