Спорт

Видео: Јунајтед со победа ја заврши сезоната во Премиерлигата!

Сподели:

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со победа ја завршија сезоната во Премиерлигата.

Manchester United v A.F.C. Bournemouth - Premier League

Во последниот меч кој беше одложен црвени ѓаволи го совладаа Бурмаут со 3:1 и го освоија петтото место во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед и Бурмаут свој меч требаше да го одиграат во неделата, но тој беше одложен откако во еден од тоалетите на стадионот во Манчестер беше пронајден „сомнителен пакет“.

Јунајтед славеше со 3:1 со головите на Руни, Рашфорд и Ешли Јанг, а за гостите автогол постигна Смолинг.

Руни со постигнатиот гол дојде до 100-от гол на „Олд Трафорд“, а на вечната листа само Боби Чарлотн е пред него. Јунајтед, сезоната ја заврши со 66 бодови и го прескокна Саутемптон на петтото место.

man utd-bour rush gol

Тимот на Ван Гал има ист број на бодови како и градскиот ривал Сити, кој поради подобрата гол разлика ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед викендов против Кристал Палас ќе игра во финалето на ФА купот, а доколку го освои тогаш и Вест Хем ќе игра во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед нема освоено трофеј уште од 2013 година.

The post Видео: Јунајтед со победа ја заврши сезоната во Премиерлигата! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: