Спорт

(ВИДЕО) Како Мурињо го понижуваше Златан – Сите на клупата се смееја, а тој беснееше од нервоза!

Сподели:

Жозе Мурињо е единствениот човек во историјата на фудбалот кој со два различни клуба ги освоил и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а на тоа го додаде и третиот европски трофеј – Конференциската лига.

Има многу работи кои Жозе Мурињо успеа да ги направи во текот на својата легендарна кариера, но дали знаевте дека еднаш го замени голманот само за да не го замени Златан Ибрахимовиќ од игра?

Токму тоа се случи во 2009 година, кога заедно работеа во Интер. „Нероаѕурите“ играа против Сиена ден откако и математички ја обезбедија титулата шампион на Италија.

Ибрахимовиќ неколку пати бараше да биде заменет во текот на натпреварот, но Мурињо беше убеден дека Златан не го дава најдоброто од себе и затоа не сакаше да го направи тоа. А потоа во свој стил Жозе реши да му „испрати порака“ на Ибра.

Прво ги замени Фиго и Балотели. Ова повторно го налути Ибра, а набрзо дури постигна и гол. Потоа следеше нов остар поглед на клупата и Мурињо.

Но, тоа не помогна. Додека чекаше да биде заменет, Ибрахимовиќ мораше да гледа како Мурињо го замени голманот Жулио Цезар и го воведе заменикот Паоло Орландони.

Тоа значеше дека Златан ќе мора да остане на теренот до крајот на натпреварот.

На крајот се покажа дека Мурињо бил во право, бидејќи токму тој еден гол на Ибрахимовиќ бил пресуден за да ја добие „златната копачка“ во Серија А на крајот од сезоната.

Португалецот во 2014 година појасни што се случило тогаш.

фото: goal.com

„Беше многу лут и вознемирен. Ми викаше „ние сме шампиони, многу помогнав да бидеме шампиони, сега никој не ми помага, сакам да излезам“. Но се правев дека не го слушам. “Што? Да, сакаш вода?” а јас го фрлив шишето кон него. Неколку минути подоцна постигна прекрасен гол“, се присетува Мурињо за „Скај Спортс“.

Тие двајца повторно соработуваа во Манчестер Јунајтед, кога заедно ја освоија Лигата на Европа.

“Играчот кој ми даде колку Ибра, секогаш ќе биде во моето срце. Тој направи многу за Интер, а Интер направи многу за него. Тој е многу посебен, еден од најдобрите напаѓачи во светот”, изјави Мурињо.

The post (ВИДЕО) Како Мурињо го понижуваше Златан – Сите на клупата се смееја, а тој беснееше од нервоза! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: