(ВИДЕО) Какво враќање! Фудбалскиот дон се враќа на голема врата во Серија А и еве што порача!

Сподели

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони изјави дека сака да го освои Скудетото и Лигата на шампионите со овој фудбалски клуб!.

фото: AFR

Пласман во Серија А обезбеди Монца кои во финалето на плејофот по продолженијата ја победија Пиза со 4:3, откако славеа со 2:1 во првиот натпревар.

,,Мислевме дека ќе успееме и минатата година, но немавме среќа. Овој пат се боревме цела сезона. Не беше лесно, но успеавме и сме во Серија А“, изјави Берлускони за Sky Sport Italy.

Монца е основана во 1912 година, банкротираше во 2016 година и мораше повторно да започне во аматерската лига. Две години подоцна клубот го купи поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони и под негово водство сега за прв пат во историјата на клубот ќе игра во Серија А.

„Бидејќи сега сме во Серија А, мора да го освоиме Скудетото, да се пласираме во Лигата на шампионите и да ја освоиме и неа. Навикнат сум да победувам“, изјави Берлускони.

Сумирајќи ја штотуку завршената сезона, Берлускони истакна дека е исклучително позитивна.

„Ова беше извонредна година со добри резултати за моето срце – Милан стана шампион, а Монца се пласираше во Серија А“, заклучи Берлускони.

The post (ВИДЕО) Какво враќање! Фудбалскиот дон се враќа на голема врата во Серија А и еве што порача! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico