Спорт

ВИДЕО: Легендарната тенисерка на трибините во Индијан Велс – Публиката ја препозна, па следеа овации!

Сподели:

Целиот свет ја познаваше како Малата Мо и беше позната по карактеристичниот стил на игра и извиците кои ги испушташе додека играше.

Сега веќе во 47 година од животот Моника Селеш ретко кога се појавува на тениските терени, а синоќа иако видно ,,маскирана,, сепак камерата и гледачите ја препознаа легендарната тенисерка.

Селеш го посети мастерсот Индијан Велс во Калифорнија, а присутните ја препознаа и ја поздравија со овации.

Таа го проследи дуелот од женското полуфинале меѓу Белорусинката Викторија Азаренка и Летонката Јелена Остапенко. Го гледаше и натпреварот кај мажите во сингл помеѓу Григор Димитров и Камерон Нори.

Иако беше „камуфлирана“, навивачите сепак ја препознаа легендарната тенисерка од Нови Сад и освојувачот на девет гренд слем трофеи. И аплаудираа, а таа знаеше да ги поздрави…

The post ВИДЕО: Легендарната тенисерка на трибините во Индијан Велс – Публиката ја препозна, па следеа овации! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: