Спорт

(Видео) МИЛАН прв 1/4 финалист во Купот на Италија – Еве кој настрада!

Сподели:

Фудбалерите на Милан на пенали го победија Торино и се првиот тим кој обезбеди четвртфинале во Купот на Италија. Росоњерите со 5-4 на пенали го елинимираа Торино кој успеа цели 120 минути да ја зачува празна мрежата од лидерот на Серија А на Сан Сиро.

За Милан во почетниот состав се врати Ибрахимовиќ, но тој беше заменет на полувремето.

На пенали за Милан прецизни беа сите играчи, Кеси, Хернандес, Тонали, Ромањоли и Чалханоглу, а за Торино прецизни беа Белоти, Лукич, Ланко и Милинковиќ Савиќ, но од белата точка промаши Ринкон.

Инсерти од мечот…

The post (Видео) МИЛАН прв 1/4 финалист во Купот на Италија – Еве кој настрада! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: