Спорт

ВИДЕО: Милан во своите редови донесе италијански репрезентативец!

Сподели:

Вицешампионот на Италија, Милан го донесе во своите редови репрезентативецот Алесандро Флоренци од Рома за само 1 милион евра на едногодишна позајмица со можност за откуп на неговиот договор следното лето.

„Росонерите“ доколку решат да го откупат договорот на фудбалерот цената ќе биде четири милиони евра.

Флоренци доаѓа да биде замена за Давиде Калабрија, а Андреа Конти е на излезна врата од клубот.

Флоренци минатата сезона беше позајмен во редовите на ПСЖ, а претходно една сезона играше и за Валенсија. Цели осум години го носеше дресот на „римската волчица“.

Флоренци го избра и бројот на дресот, а во Милан ќе ја носи 25-та.

The post ВИДЕО: Милан во своите редови донесе италијански репрезентативец! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: