ВИДЕО: НБА лигата ја слави јубилејната 75-тата сезона – Објавен е распоредот и најважните детали!

Сподели

Јубилејната 75 -та сезона во НБА лигата ќе има вкупно 82 кола за секој тим, ќе започне на 19 октомври и ќе трае до 10 април 2022 година.

На стартот ќе гледаме две дерби пресметки. Бруклин-Милвоки и Лејкерс-Вориорс. На првиот ден од ноември, исто како и пред 75 години, натпреварот ќе го одиграат Њујорк Никс и Торонто Репторс.

Во текот на декември, закажани се меѓусебни дуели на само три франшизи, кои во ниту еден момент не ја напуштија лигата.

Голден Стејт Вориорс ќе играат прво против Њујорк Никс на 14 декември, потоа три дена подоцна Бостон Селтикс и Вориорс, и конечно Никси и Селтикси на (18 декември).

Големиот датум ќе биде 7 јануари, кога ќе се сретнат Лејкерс и Атланта, бидејќи пред 50 години, на тој ден, „езерџиите“ ја забележаа 33-та последователна победа, што е сепак најдолгата серија во историјата на НБА лигата.

Плејофот ќе започне од 16 април, а првиот натпревар од големото финале е закажан за 2 јуни.

The post ВИДЕО: НБА лигата ја слави јубилејната 75-тата сезона – Објавен е распоредот и најважните детали! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico