(Видео) Победата и славјето на Лидс низ улиците – Алиоски го подигна пехарот!

Сподели

Англиската гордост од западен Јоркшир, Лидс Јунајтед со победа од 4-0 ја заврши сезоната во Чемпионшип дивизијата на првото место со 93 бода.

Чарлтон загуби на гостувањето на „Еланд Роуд“ и дополнително ги израдува навивачите на домашниот состав.

Нашиот репрезентативец Алиоски беше дел од почетниот тим на Лидс, а во последните неколку натпревари добива шанса како крилен напаѓач од тренерот Биелса.

Погледнете ја победата на Лидс против Чарлтон и славјето низ улиците….

Освен Лидс, вечерва и ВБА на тренерот Славен Билиќ изборија директен пласман во Премиер лигата следната сезона.

Ќе остане уште едно место за влез во елитното друштво во Англија, а за него преку плејоф ќе играат Брентфорд, Фулам, Свонси и Кардиф.

За потсетување, Лидс чекаше дури 16 години за повторно да биде дел од Англиската Премиер лига.

The post (Видео) Победата и славјето на Лидс низ улиците – Алиоски го подигна пехарот! appeared first on .

Powered by WPeMatico