Спорт

(ВИДЕО) На босанците не им се верува – Црногорците ,,удрија,, по бурекот!

Сподели:

Веројатно најоригиналното нешто што сме го виделе во светот на денешниот спорт ни доаѓа од Црна Гора.

фото: Printscreen

Таму во натпреварот од 3.коло од Лигата на нации се сретнаа фудбалерите на Црна Гора – Босна и Херцеговина. Натпреварот заврши без победник (1:1), но беше многу поинтересно на трибините отколку на теренот.

Би рекле, генијална прозивка, стигна на сметка на гостите. Сите добро знаете дека бурекот во Босна има статус на божество. Па, Црногорците удрија по бурекот.

,,Бурек со сирењееееееее – грмеше од трибините.

Општо е познато дека ако сакате да изнервирате некој од Босна и Херцеговина, велите „бурек со сирење“. За нив бурекот е само со месо. А се останато се пити. Оној со сирење се вика – сирница, а не бурек.

Погледнете како изгледаше на стадионот „Под Гориком“:

The post (ВИДЕО) На босанците не им се верува – Црногорците ,,удрија,, по бурекот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: